Рено очекувале повеќе од своите јуниори

Од фабриќкиот тим на Рено признаа дека очекувале повеќе од своите јуниорски возачи посебно од тие во Формула 2. 

Францускиот производител јасно покажа дека сака некој од своите јуниори да го промовира во Формула 1, но тоа не се случи и тие го донесоа Фернандо Алонсо. Сепак, тие сметаат дека тимот не е крив за ваквата одлука. 

Кристијан Лундгард и Гуанју Жу беа јуниори кои возеа оваа сезона во Формула 2 во одличните тимови ДАМС и УНИ-Виртуоси. Лундгард успеа да дојде до две победи додека Жу победи само еднаш и двајцата завршија на шеста и седма позиција во генералниот пласман што е разочарувачки. 

Жу имаше вкупно 151.5 поени што е 49.5 помалку од неговиот колега и јуниор на Ферари, Калум Илот со кого беа колеги во тимот.

Се надевав на повеќе од Жу и Кристијан во Формула 2, но се разочаравме од крајниот резултат и покрај победите и подиумите – изјави шефицата на Рено Спортската Академија, Миа Паризман. 

Но позитивно е што нивниот јуниор Оскар Пјастри стана шампион во Формула 3. 

Тоа што Оскар стана шампион во Формула 3 е неверојатно и горди сме на тоа. 

Другите јуниор Каио Колет и Адриен Давид имаа релативно добри резултати. Колет заврши на втора позиција во Формула Рено Еурокуп зад Виктор Мартинс кој е поранешен јуниор на Рено. Давид заврши само еднаш на подиум и сезоната ја заврши на 10та позиција.  Шаризман призна дека развојот на Колет е според очеквуањата на Рено. 

Каио и Адриен не ги постигнаа целите, но како што течеше сезоната Каио го покажа својот потенцијал според нашите очекувања. Знаеме дека сите може да се подобри и очекуваме поголем напредок наредната година. 

Од сите јуниори на Рено само Пјастри го искористи моментот, а неговиот менаџер Марк Вебер очеквуа тој да се приклучи на Ф1 во 2023 година. 

Секоја година е голема за него, секоја трка значи многу во неговиот напредок. Тој брзо напредува.

Следната година во Формула 2 очекувам голем чекор. Се надевам ќе биде добар и за година две ќе биде дел од Формула 1 или најреално во 2023 година. Мора да ги задоволи перформансите.

Има многу места кои се движат и важно е да има млади возачи. Иако има богати татковци кои купуваат тимови, но мислам дека талентираните ќе напредуваат во Рено бидејќи тоа е фабрички тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ