Рено повторно протестираа за Рејсинг Поинт

Рено повторно вложи протест и сомнеж околу легалноста на болидот на Рејсинг Поинт по крајот на Унгарското Гранд при поради прекршување на спортските правила кои ги регулираат доволените делови кои може да се менуваат меѓу екипите.

Фабричката екипа веќе вложи протест од ваков вид по крајот на Штаерското Гранд При минатиот викенд во Австрија, а повторно го стори истото и покрај тоа што првиот протест беше прифатен и се разгледува. Разрешница на првата жалба треба да има во следниот период до Британското Гранд При кое е на програмата за две недели.

Рено протетира на член 2.1 и член 3.2 како и три делови од додатокот 6 на спортскиот правилник и ги обжалува резултатите на двајцата возачи кои и овој викенд освоија поени, Строл финишираше на 4то место, а Чеко Перез три позиции зад него. Во моментов Рејсинг Поинт се на 4то место кај конструкторите со 40 поени колку и Мекларен.

потврдуваме дека рено поднесе барање до стјуардите за појаснување на легалноста на болидот рп20 на рејсинг поинт, немаме дополнителни коментари и чекаме одлука на стјуардите – велат од рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ