Рено размислуваат да се жалат на казната

Рено откриваат дека субејктивноста во значењето на поимот “помош на возачот“ како и различните можни казни ќе придонесат за нивниот став околу жалбата од дисквалификацијата на двата болиди од Јапонското Гранд При.

Рејсинг Поинт беше екипата која по трката во Сузука тврдеше дека Рено користат нелегален претходно сетиран систем за подесување на сопирањето кој ги прекршува правилата на ФИА и поради тоа поднесоа жалба до стјуардите на трката. По спроведената истрага, стјуардите во Мексико донеле одлука дека фабричката екипа користела иновативен систем да искористи одредени недоречености во регулативата, но истиот не прекршува никакви правила.

Сепак, поради тоа што подесувањето на сопирањето го ограничува возачот да направи подесувања во текот на еден круг, стјуардите одлучија дека се работи за помош на возачот и поради тоа ги дисквалификуваа Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг од официјалниот пласман. Тимот од Енстон има право на жалба.

и покрај тоа што фиа заклучи дека нашиот систем е целосно легален согласно регулативата на фиа, стјуардите пресудија дека тој го прекршува спортскиот кодекс во однос на тоа дека се работи за помош н возачот. двата наши болиди се дисквалификувани од јапонското гранд при, а тимот ги губи освоените осум поени.

сепак, поради субјективноста на тоа што значи систем кој помага на возачот и различните казни кои може да се доделат, нашата екипа ќе размисли што ќе превземе и дали же се жали на одлуката – велат од рено.

Поради нелегална работа на спојката за време на стартот од Германското Гранд При, двата болиди на Алфа Ромео беа казнети со по 30 секунди и ги загубија своите позиции. Швајцарците се жалеа на одлуката, но Судот ја отфрли жалбата и тие останаа без пласманот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ