Рено сака повеќе перформанси отколку издржливост

Извршниот директор на Алпин, Лорен Роси, откри дека Рено сакаат повеќе перформанси од нивниот мотор отколку издржливост на истиот. 

Рено Ф1 го промени името на тимот во Алпин минатата сезона, но сеуште возат со мотори од Рено Спорт произведени во Серверна Франција, во градчето Вири. Минатата година Рено беа сконцентрирани на издржливоста на моторот, но оваа година бараат повеќе перформанси и брзина. 

За новата сезона, Рено Алпин имаат нов турбо концепт за кој се надеваат дека ќе ги исполни очекувањата. Развојот на моторот е забранет од 2022 до 2025 година и можни се само промени околу издржливоста. 

Работите или на издржливост или на перформанси, Не може да ги имате двете. За време на развојот имавме моменти кога имавме проблеми со издржливоста, Но тоа беше изборот.

Мора да ги најдеме лимитите и не ни е гајле за издржливоста. Сакаме мотор со максимални перформанси и тоа е подобро од издржлив мотор кој е слаб.

Сега сме во обратна насока. Добри вести се дека поминавме илјадници километри на динометарот – посочи францускиот шеф на компанијата.

Рено имаат нов дизајн на моторот со поделено турбо. Покрај тоа, новиот мотор е помал и полесен. 

Моторот е целосно редизајниран. Целиот концепт е нов и Имаме поделено турбо. Мислам дека е голема промена за да ја намалиме разликата со врвот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ