Рено се подготвени за долгорочна инвестиција во Ф1, тврди дон Флавио

Поранешниот тимски шеф во шампионските денови на Рено, Флавио Бриаторе, тврди дека Лука де Мео, новиот Главен извршен директор на Рено, е подготвен за долгорочна инвестиција во Формула 1.

Италијанецот стана прв човек на францускиот автомобилски бренд минатата година и многу брзо ја потврди иднината на Формула 1 екипата, дури направи и ребрендирање во Алпин со цел да се засили спортскиот и историски бренд на Рено. По ребрендирањето, тимот го донесе својот шампион, Фернандо Алонсо во Енстоун, пилотот со кој освојуваа титули на средината од 2000-те години.

имаме гаранција од рено. лука де мео е претседател на рено и е многу мотивиран да инвестира во формула 1 на долг рок. со мене рено беше многу добар затоа што колку пари и да ми требаше, веднаш ми ги одобруваа, а секако парите веднаш беа преточувани во перформанси.

знаете ли колку пати сум имал најлош моторхоум во формула 1 затоа што ако имате добар и модерен моторхоум тоа не значи дека сте брзи со болидот и на патеката. јас секогаш преферирав да трошам пари на перформанси.

среќен сум за алонсо затоа што рено се како семејство за него и кога разбраа дека ќе се враќа сите беа пресреќни и мотивирани.

годинава фернандо е подготвен. по тестот во абу даби по крајот на сезоната беше многу мотивиран и беше подготвен како сезоната да ќе започне. тој вози и се трка цело време, но за жал имаше несреќ со својот велосипед иако сега се е во најдобар ред – изјави дон флавио.

Исто како што Бриаторе го имаше Алонсо во Рено, една деценија претходно го имаше Михаел Шумахер во Бенетон, двајцата освоија по две титули со него, а дон Флавио се потсетува на компјутерскта константност на двајцата елитни тркачки возачи.

кога имате талент каков што имаше шуми, талентот е нешто посебно затоа што сите возачи од формула 1 се многу брзи, но за да бидете најбрз и да бидете суперѕвезда мора да сте посебен.

фернандо и шуми, што и да вадеше како време компјутерот при симулација за трка, фернандо возеше исто толку. подготовката за трка со нив двајцата беше како со компјутер.

константноста во однос на времето во круг кај фернандо и кај шуми беше импресивна. јас бев среќен што работев со двата најголеми таленти во тоа време и мотиватори исто така.

шуми ги тераше сите да одат во теретана, дури и прост почна да вежба. михаел беше по четири часови дневно во теретана и кога ќе завршеше со трка не се потеше исто како и фернандо.

шуми сите ги натера да одат во теретана, од сена и прост до најџел мансел, сите затоа што тој физички демонстрираше одлична подготовка, а и психичкиот дел беше диктиран од тоа затоа што колку сте поздрав во телото толку подобар разум имате и подобро возите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ