Рено тврдат дека Рејсинг Поинт работеле по цртежи од Мерцедес

Во Рено веруваат дека Рејсинг Поинт имале на располагање темелни технички информации од Мерцедес што им помогнало да го дизајнираат овогодинешниот контроверзен РП20 болид.

По Штаерското Гранд При од француската фабричка екипа вложија официјална жалба на делови од сопирачките на тимот, нешто што не смее да се споделува помеѓу екипите поради што не се наоѓа на листата на дозволени делови.

Стјуардите на Ред Бул Ринг ја прифатија жалбата на Рено и веднаш почнаа со запленување на делови од РП20 како и барање од Мерцедес да им се обезбедат податоци од нивниот дизајн, така што целиот спор во моментов е во раце на ФИА.

Рејсинг Поинт секогаш велеле дека нивниот болид е целосно легален и произведен од нив, но Рено верува дека тие имале не само копии од дизајнот на Мерцедес туку и точни скици и податоци од В10, ланскиот шампионски пакет.

веруваме дека рејсинг поинт примиле цртежи и делови кои се користени при производство на ланскиот болид на мерцедес, а сметаме дека тоа не е исправно. мислам дека на фиа ќе и требаат неколку недели да го истражи целиот случај – смета марцин будковски, поранешниот висок функционер на фиа, а сегашен извршен директор на рено.

Прашање е што доколку се прифати жалбата на Рено и Рејсинг Поинт се обвинети за копирање на ланскиот болид.

ние се жалевме на каналите за ладење на сопирачките и секако дека ако истите не се легални треба да се променат за да бидат во согланост со правилата, ќе мора самите да дизајнираат нови – смета марцин.

Но, доколку ФИА дојде до заклучок дека спорниот дел од сопирачките не е легален, секако дека ќе следува инспекција на секој дел од болидот, што може да ги принуди Рејсинг Поинт на огромни промени на средина од сезоната.

ако фиа заклуи дека ладењето на сопирачките е дизајнирано од друга екипа тогаш очекувам темелно да се испита целиот болид. ладењето на сопирачките е многу важен дел од перформансите на болидот, некои можеби сметаат дека со тоа сао се ладат кочниците, но не е толку едноставно.

со нивна помош се контролира и температурата на гумите и поради тоа се многу клучни во денешниот дизајн на формула 1 болид, еднакво како и сите голеи крила. има делови од ладењето на сопирачките кои се интерна геометрија и нема никакви шанси да се видат од слики и поради тоа е невозможно на тој начин да се копираат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ