Рено фрустрирани од ривалите поради блокадата за тестот на Алонсо

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, ја истакна својата фрустрација откако ривалите се спротивставија на можноста Фернандо Алонсо да учествува на тестот на млади возачи во Абу Даби.

Тестот првично е планиран возачи да користат тест болиди подготвени за 18 инчните тркала, но сепак, откако регулативата е одложена за 2022 година, тестот е променет во формат за дебитанти.

Рено се надеваше дека новиот правилник ќе му дозволи на Алонсо да учествува, а темата беше дискутирана на последниот состанок на Формула 1 комисијата. Сепак, неколку тимови беа против идејата Алонсо да вози, а Мекларен, Ферари и Рејсинг Поинт се едни од нив. Правилата дозволуваат тимот да има дополнителен тест за возач кој не се тркал 2 години, но само се применува во случај на промена на регуларен возач, со цел резервата да извози повеќе километри како тренинг.

Вообичаено, се играат мали игри секогаш кога се може, но Повеќето тимови се прагматични. Се надевам дека и ФИА ќе биде. Рено прави многу за младите возачи – изјави Абитебул.

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, потврди дека Мекларен се против тој да се приклучи на тестот за млади возачи, иако не сакаше да откри премногу од состанокот.

Не можам да споделам што се дискутираше. Со големи букви е наведено дека е доверливо. Можам само да споделам како ние го гледаме тестот на младите возачи. Јасно е дека сите гласавме за промена во правилата, што доведе овие тестови да бидат исклучиво за млади возачи.

Не смее да учествуваат возачи кои возеле максимум 2 трки. Тоа им овозможува на ФИА да направат исклучок, Но тоа не ја менува целата поента на тестот, што е тест за млади возачи. Нема што премногу да се дискутира на оваа тема.

Фернандо е одличен возач, со одличен успех. Не гледам како тој може да биде во улога на млад возач. Ако не беше правилото така дефинирано, ако сум искрен, би била одлична порака за сите нас, бидејќи јас се сметам себе си за млад член на Формула 1 тим, Но тоа не оправдува да се одобри овој тест.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ