Рено ќе се здружи со Андрети

Главниот извршен директор на Рено, Лука де Мео, потврди дека ќе го подржат Мајкл Андрети при правењето на нов тим во Формула 1. 

Иако ФИА и Либерти сеуште не одговориле на барањето на американцот, тој веќе доби потврда од Рено дека ќе добива нивни мотори. 

Не сум јас менаџерот, тоа е Лорен Роси. Сеуште мислам дека има разговори. Има голем интерес за проектот и мислам дека има компетентни луѓе што и сакаат добро на Формула 1.

Секако бараме партнер, а Во еден момент продававме мотори на Ред Бул и Мекларен, но веќе не – посочи италијанецот де мео.

Сепак Андрети не сака да биде Б тим на Рено. 

Не ја сакам таа идеја затоа што Сакаме тимови кои се самостојни во Формула 1. Не би можел да замислам во шпанска лига Барселона А, Барселона Б и така натака. Не ми се допаѓа тој систем. 

Со новите правила за моторите, се очекува и Ауди и Порше да се приклучат на спортот. 

Тоа е добро за спортот и фановите, Добро е кога големи производители се заинтересирани и тоа ме прави среќен. Доколку се зголемат трошоците тоа ќе биде лошо за бизнисот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ