Ривалите се пазат од Астон Мартин

Перформансите на Астон Мартин паднаа во очи на неколку возачи, а кинезот од Алфа Ромео, Жу Гуанју, признава дека Фернандо Алонсо изгледал доста брзо. 

Иако сеуште е рано за да се каже како ќе изгледа гридот на првата трка, долгите серии на Алонсо покажаа дека Астон Мартин ќе биде доста конкурентен тим. 

Мислам дека Астон направија чекор напред. Алонсо изгледаше доста конкурентно во сите услови и Мислам дека ќе се најдобри во средниот ред – изјави Жу. 

Жу беше најдобар во петокот со најмеките гуми на Пирели, но смета дека тие нема многу да заостануваат. 

ние напредувавме и мислам дека сме побрзи. Има делови каде треба да се поправиме, но ќе биде тесна борба. 

Кевин Магнусен од Хаас се согласува со Жу. 

Мислам дека Астон се доста брзи. Беа доста добри на долгите серии, Поставија солидно време и мислам дека напредуваа, Но кој знае што е вистината. 

Естебан Окон е претпазлив бидејќи има сеуште многу непознати. 

Мислам дека е рано за заклучоци. Со овие болиди лесно може да се биде доста побавен бидејќи не знаеме во кои услови возеле. Личеа конкурентно, но и Вилијамс беше конкурентен. Ќе видиме каква ќе биде борбата. 

Оваа сезона во Астон Мартин е главниот аеродинамичар на Ред Бул, Дан Фалоус кој е нов технички директор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ