Рикардо во свој стил: Сирил треба да биде нервозен … ќе се тетовира

Даниел Рикардо најави дека неговиот шеф, Сирил Абитебул, треба да е доста нервозен затоа што ќе го загуби облогот кој го има со него и ќе треба да се тетовира.

Облогот бил да направат заедничка тетоважа доколку Рикардо успее да го донесе Рено до подиум оваа тркачка сезона, а откако беше моќен во Белгија и стигна до 4то место, најави уште посилно издание во Италија.

мислам дека абитебул е нервозен, го видов, му кажав дека следните седум денови треба да се подготвува. монца лани беше уште посилна за нас, а посилно од 4то место е само подиум.

не се занесувам, ниту јас ниту тимот, но ако сме доволно силни и ако одработиме без грешка, подиумот не чека – најави рикардо.

Перформансите на Рено во Белгија се резултат на фактот што нивниот РС20 болид е многу поконкурентен при ниско ниво на потисна сила отколку на бавни патеки кога е потребно “лепење“ за асфалтот. Рикардо објасни дека доколку Гасли и Перез не биле помеѓу него и Верстапен при рестартот, ќе го нападнам Макс за подиум.

доколку стратегијата на гасли и перез не ги ставеше помеѓу мене и макс навистина можев да го нападнам макс во таа последна серија. брзо направи предност затоа што имаше различна стратегија, а до крајот немав шанси да го стигнам. мислам дека во монца ќе сме уште подобри.

Рено не се многу убедливи годинава, така што ни австралијанецот не очекувал да може да се носи со Ред Бул на трка.

бев изненаден затоа што знаев дека имам добар болид, но кога ги видов времињата и дека мерцедес забавува, мислев дека сите ги штедат моторите. но, изгледаше дека се мачат со гумите, а ние станувавме се побрзи и тоа е големо охрабрување за нас.

Облогот на Дани со Сирил е дека при подиум за Рено, Абитебул го бира местото на тетоважата, но Рикардо го бира дизајнот. Шегувајќи се пред медиумите, возачот објасни дека веќе видел фотошоп слики на Сирил со тетоважа со својот лик, слично на Мајк Тајсон.

видов некои монтажи со лицето на тајсон на раката на сирил, но дефинитивно нема да биде тоа. не сакам да бидам суров или да му истетовирам некоја патка или слично. сакам да нацрта нешто што ќе го потсетува за убавите времиња, можеби нешто околу дестинацијата на освоениот подиум, без разлика дали патеката, градот или емјата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ