Рикардо го направи Алпин посилен, смета Абитебул

Тимскиот шеф на Алпин, поранешниот фабрички Рено, Сирил Абитебул, смета дека екипата ќе биде значително посилна претсојната тркачка сезона споредено со лани.

Тој предвиде дека екипата ќе биде посилна од Мекларен и од Астон Мартин кај конструкторите и покрај тоа што го загубија возачот Даниел Рикардо, кој по него бил клучен за напредокот на екипата. Дани направи трансфер во Мекларен каде ќе вози крај младиот Ландо Норис откако Карлос Саинз замина во Ферари.

тој испорача одлични резултати и перформанси за нас и најголема иронија во сето тоа е фактот што сега сме многу посилен тим, ќе бидеме многу посилни оваа година споредено со лани. тој остави свој траг и поради тоа сме многу поразлични днеска одошто пред две години кога тој дојде во екипата.

рикардо ни даде многу како возач и беше неверојатен минатата година. без сомнеж тој е клучен во напредокот кој тимот го направи во 2020 година. дани го предводеше тимот и зад него застана цела група механичари и инженери кои одработеа фантастично на патеката.

надвор од патеката знаеме дека тој е одличен амбасаор на брендот и лидер на тимот. беше клчен во промените кои ги спроведовме минатата година, односно во 2019 година кога имавме разочарувачка година – се присети абитебул.

Австралијанецот уште од Мај донесе одлука да се префрли во Мекларен, период во кој поради пандемијата немаше можност да го види распоредот на силите и напредокот на неговиот тогашен тим. Тој дојде до два подиуми сезонава, на Нирбургринг и во Имола, а подиум имаше и неговиот колега. Сепак, го пропуштија освојувањето на 3то место заостанувајќи 21 поен зад Мекларен.

во исто време сме задоволни што ќе ни биде конкурент и нептреливи на возбудливи витки против него и мекларен оваа година.

Двократниот шампион, искусниот Фернандо Алонсо, ќе го менува Рикардо во Алпин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ