Рикардо откри детали за тетоважата на Абитебул

Даниел Рикардо не дочека да се качи на подиумот и веднаш откри дека неговиот шеф, Сирил Абитебул, ќе добие тетоважа со тематика од Германија откако го доби облогот и го однесе Рено на подиумот на Ајфелското Гранд При.

Од почетокот на годината Сирил и Дани се обложија дека ако возачот успее да донесе подиум за фабричката екипа, ќе си стават исти тетоважи со својот шеф, Абитебул го бира местото и големината, а Рикардо дизајнот.

По крајот на трката Рикардо откри дека би сакал нешто поврзано со местото каде го освои првиот подиум со Рено, нешто во врска со Германија.

вистина е, тетовирањето ќе се случи. мораме да размислуваме сега, но веројатно ќе биде нешто во врска со мене и нешто во врска со германија како место каде стигнавме до подиумот, нешто традиционално германско – најави рикардо.

Денешниот топ 3 пласман беше прв подиум за Рено откако се вратија во спортот како фабрика екипа, а претходниот таков пласман им беше во Малезија во 2011 година. Даниел Рикардо од своја страна последното искачување на подиумот го имаше во 2018 година како возач на Ред Бул.

мина подолго време откако се немав качено на подиум и да бидам искрен се чувствувам како да ми е прв пат, како да почнувам од нула. мислам дека минаа 2,5 години или нешто така и чувството е убаво и свежо.

многу сум среќен и убаво ми е што гледам радисни луѓе околу мене, чекавме многу долго за ова и сите ќе се израдуваме прописно.

Подиумот на австралијанецот доаѓа во вистинско време кога фабричката екипа на Рено е во борба со Мекларен и Рејсинг Поинт за трето место во возачкиот поредок. По тешката трка а Мекларен, Рејсинг Поинт го превземаа 3то место во поредокот со 120 поени, 4 повеќе од Мекларен и 6 повеќе од Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ