Рикардо предупреден од ФИА поради грешка на тестот за Пирели

Тимот Рено Ф1 избегна казна откако по грешка ги наместија прототип гумите на болидот на Даниел Рикардо. 

Сите тимови имаат обврска да ги возат првите 30 минути со прототипот на Пирели на Португалското Гранд При како дел од тест програмата на италијанците.

Еден возач има свој сет и треба да извози долг стинт додека другиот возач треба да искористи два сета стари и нови за споредба. Во случајот на Рено, Рикардо беше возачот кој ги возеше три сета од едните и еден од другите гуми. 

Но сепак, Рено случајно го направи ова и искористи две предни леви од двата сета и Рикардо извозе два стинта со три гуми од еден сет и по една од другите. 

Грешката е забележана од ФИА и е поднесена кај стујардите бидејќи не е дозволено тоа. 

Во согласнот со тимот е користена грешна лева предна гума од различен сет со различна спецификација што е прекршок но нема никаква корист бидејќи е прототип. 

Овие лоши вести за тимот и Пирели не донесоа ништо добро ниту на тимот ниту на производителот. Марио Исола од Пирели призна дека е лесно да се направи грешка бидејќи гумите не се обележани со боја. 

Лесно е да се направи ваква грешка. Знаеме која спефицикација е за Рено и мора да ги исклучиме тие сетови од анализата. ТОа се случува бидејќи прототипите се обележани со црно и бело. Гумите за трка се во боја и веднаш се препознаваат дали се бели или жолти. Со прототипите има бројка од страна и тука се прави грешка. Јасно е дека е тешко да се донесе заклучок дека е направено мешање. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ