Рикардо среќен со најдобриот квалификациски круг годинава

Даниел Рикардо е презадоволен од својот последен квалификациски обид на денешната сесија за Еилија Ромања Гранд При трката.

Иако не дојде најдобриот квалификациски резултат за австрлаијанецот сезонава, затоа што на Спа беше 4ти и тоа е најдобар негов пласман годинава, сепак тој го опиша својот К3 обид како најдобриот негов круг сезонава.

кругот беше “боли глава“ и сеуште се смеам поради него. навистина многу се збабавував и сум многу среќен со резултатот. возење со болидите овдека е навистина многу забавно, се работи за многу сериозна патека.

се работи за одлична комбинација, тесно е, но многу е брзо. има и убави шикани кои може да се нападнат преку тротоарите. не сум сигурен како ќе биде на трка, но тротоарите навистина моќно го фрлаат болидот во воздух и даваат карактер на патеката.

многу се забавував на сесијата и одлично ја истрпив. во последниот к3 дел беше неверојатно а мојот круг најдобар сезонава – задоволен е австралијанецот.

Пред Рикардо ќе тргне Пјер Гасли кој имаше феноменални квалификации и во моментов е цел на Дани.

не вежбав долги серии утрово и не знаеме многу за утрешната трка, но сите сме во исто и поради тоа не сум загрижен. моја цел е гасли и ако го минам на сатартот имаме сериозна шанса за 4то место.

ќе се обидам да извлечам колку што можам повеќе утре. како што беше забавно денеска мислам дека ќе биде потешко утре со претекнувањето и тессната патека на која тешко се наоша алтернативна линија при следење. одлично одработени квалификации се една постигната цел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ