Рикардо цели на враќање во Топ 6

Возачот на Рено, австралијанецот Даниел Рикардо, сака да се врати во топ 6 на Гранд При Емилија Ромања на Имола, откако немаше силна трка во Португалија.

Тој имаше пет последователни топ 6 завршници пред Португалија каде заврши на 9та позиција. Но и покрај, тоа тој очекува нови поени со кои би завршил на четврта позиција кај возачите. 

Имола е нова за нас. Возбуден сум што ќе возам тука и ќе се забавувам како на сите нови места оваа година. Ова е уште една трка во Италија и до сега имав добри резултати и очекувам уште еден силен викенд.

Не сум возел до сега на Имола и мислам дека има посебна аура околу местото со толку многу историја. Мислам дека како тим заминавме од Португалија со чудно чувство. Тоа беше трка каде сакавме поени за да ја задржиме позицијата.

Во петок беше јасно дека ќе биде тешко, но сеапк освоивме неколку поени и во Имола сакаме да завршиме погоре – посака дани.

Квалификациите се најважни за плановите на Рикардо кој не очекува многу престасувања на патеката. 

Патеката е кратка и престасувањата се тешки, но има долг правец. Потребна е средна потисна сила и има средни и брзи свиоци што е уште еден предизвик.

Ќе се обидам да освојам што е можно повеќе поени по предизвикувачкиот викенд во Португалија и да завршам одлична работа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ