Роберт Шварцман е нов Формула 3 првак

Членот на Академијата на Ферари, Роберт Шварцман, е нов шампион во Формула 3 тркачката серија откако заврши на второ место на домашната трка во Сочи.

Тој е возач на Према заедно со Маркус Армстронг, а ја освои титулата на една трка до крајот на сезоната, утршната спринт трка во Сочи.

Сеуште не ми се верува дека успеав во ова. На почетокот на сезоната сонував за ова, но не бев сигурен бидејќи ова е ново за мене и за тимот.

Од првиот викенд во Барселона почувствував сила од тимот. Цел ни беше добар резултат без грешки. Успеавме во тоа – изјави возбудениот шварцман.

Негова следна цел е Формула 2 наредната година каде можеби ќе продолжи со Према.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ