Русите се уште ги бараат назад парите од Ф1

Промотерите на Руското Гранд При се уште бараат од Формула 1 да ја исплати назад таксата за трката во 2022 година.

Трката во олимпиското Сочи и остатокот од договорот за Големата награда на Русија, беа еднострано прекинати од страна на Формула 1 по избувнувањето на конфликтот во Украина.

Ни должат пари – изјави промотерот Алексеј Титов за руската новинска агенција Тасс.

Бараме од Формула 1 да ги врати заота што Беше платено, но немаше спектакл. Признаваат дека има долг, па во оваа смисла нема судски спор, но велат дека технички не можат да ги вратат парите.

Ние, како организација, некогаш бевме контролирани од ВТБ банка, која беше технички спонзор, така што постојат законски санкции и бариери за враќање на средствата – додаде Титов.

Има ли надеж да се вратат парите? Се разбира, ова се пари на земјата и не се плашам да го кажам тоа.

Кина не беше домаќин на ниту едно Гранд При од избувнувањето на пандемијата на КОВИД, но инспекторите на ФИА скоро ја посетија патеката во Шангај за да ја вратат лиценцата за одржување на трка во Формула 1, а трката во Кина сега се очекува да се одржи во 2024 година.

Што се однесува до Русија, сепак, Титов вели дека промотерите повеќе не се заинтересирани за тркачката серија.

Не ми недостасува Формула 1 ниту малку. Тие заминаа и ние имавме можност да ги воспоставиме нашите натпревари, што и го направивме. Ова беше само плус за сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ