Розберг изненаден што Ред Бул не го повикале Гасли

Шампионот од 2016 година, Нико Розберг, изјави дека очекувал Ред Бул да го вратат Пјер Гасли во своите редови.

Како член на јуниорскиот тим, Гасли имаше одлични резултати и последнава сезона беше најдобра во неговата кариера. Краток период возеше во Ред Бул, но не се снајде покрај Макс Верстапен. За негова замена беше донесен Серхио Перез, a мексиканецот доби продолжување на договорот за уште една година, но таа одлука го изненадила Розберг.

Пјер е навистина добар и бев изненаден кога не беше повикан назад во Ред Бул, Но никогаш не можеме да знаеме дали може да се справи со притисокот во Ред Бул. тоа е единственото прашање, Но тој е одличен во АлфаТаури – посочи нико.

Гасли редовно се бореше со Ферари, Мекларен и Алпин и освои 110 поени и доминираше во неговиот тим.

Пјер беше еден од најдобрите возачи минатата година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ