Розберг: Фетел повторно може да биде херој во Формула 1

Поранешниот Формула 1 шампион, германецот Нико Розберг, смета дека Себастијан Фетел може повторно да биде херој во Формула 1 по најлошата сезона за Ферари и него минатата година. 

Потребна му е промена. Имаше негативен пад во Ферари. Во Астон Мартин ќе биде херој и ќе го слават. Тој е сеуште еден од најдобрите на сите времиња – смета Нико.

Уште еден сонародник и победник на Формула 1 трка, Ралф Шумахер, се согласува со мислењето на Розберг за преминувањето на Фетел во Астон Мартин. 

Доколку Себастијан има болид со кој може да “се поврзе“ мислам дека може да очекуваме многу од него. Тој знае многу за Формула 1. Знае што каде треба да се направи. 

ТОј ќе го вози најдобриот мотор на гридот и може многу да искористи од Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ