Роси: Гасли нема да биде прв возач

Лорен Роси, Главниот извршен директор на Алпин, посочи дека Пјер Гасли нема да стане возач број еден на тимот по неговото доаѓање од АлфаТаури.

Медиумите велат дека Рено платиле добра сума за да ги добијат услугите на Гасли кој патем потпишал договор вреден 10 милиони евра по сезона. Од друга страна, актуелниот возач кој има долгоорчен договор со тимот, Естебан Окон, се наоѓа пред Фернандо Алонсо во возачкиот поредок.

хиерархија нема да имаме следната година како што немаме и во моментов со алонсо и окон. разлика нема помеѓу окон и гасли, за нас тие се исти, двајцата се наши возачи – посочи роси.

Воведување на привилегиран возач може многу негативно да влијае на односите помеѓу тандемот француски возачи особено ако се земе во предвид дека имаат сложен однос од минатото, но шефот на Алпин не е загрижен за тоа.

штом се видоа, сите почувствувавме дека се познаваат 20 години и имам некакво чувство дека си кажаа убави зборови. возрасни се и зрели и сакаат убава взаемна соработка.

кога имате 15 години може да правите што сакате, но на 26 години сте далеку посериозен, имате професионален договор и фантастична кариера. на 26 години, освен ако не сте фантастичен шампион, очекувам да се одполнуваат, да учат еден од друг и да придонесат на тимот.

Тој признава дека искуството на Гасли со три подиуми зад себе и победа пред две години во Монца е токму тоа што му треба на тимот за да напредне.

го земавме кај нас затоа што ги задоволува сите критериуми, дополнително е тоа што е француз и тоа е одлично. ние сме француски формула 1 тим во моментов.

не целевме на двајца француски возачи затоа што перформансите кај возачот се најважни, не националнота. идејата беше да го земем најдобриот кој можеме, а тоа е гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ