Роси незадоволен од својот Алпин

Глвниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, е незадоволен од перформансите на Формула 1 екипата нарекувајќи ја аматерска на моменти.

Францускиот фабрички тим има тежок почеток на оваа сезона, освоија само осум поени на првите четири трки и тоа ги става на 8мо место во конструкторскиот поредок, нешто што го прави Роси незадоволен.

разочаран сум, ситуацијата е навистина лоша. годинава почна со лоши перформанси и јасно е дека позицијата на која се наоѓаме не одговара на нашите вложувања и трошење. далеку сме, многу сме далеку од целите за сезонава.

зборувам не само за недостатокот на перформанси туку и за неможноста да се испорача, состојбата на тимот и стандардите поставени во минатото – посочи роси.

Најтешката трка за Алпин беше во Баку пред една недела кога имаа проблеми уште од првото излегување на патеката во Петок и на крајот не освоија поени, втора трка по ред. Но Роси смета дека и Бахреин на почетокот од сезоната бил очаен, трка на која Окон доби три казни, несоодветно позиционирање на стартот, допир на болидот додека отслужува казна и пребрзо возење во боксот.

не ми се допадна општо првата трка затоа што, се извинувам што вака ќе кажам, аматеризам кој донесе резултат кој не беше добар, беше многу лош. последната трка беше многу слична со бахреин и тоа не е прифатливо.

дозволено е да се прават грешки, но основен принцип е да се учи од нив, а штом се прави иста грешка два пати, факт е дека не учите и значи дека не превземате одговорност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ