Роси сака повеќе завршени трки и повеќе поени

Главниот извршен директор на Алпин, Лорен Роси, постави цел за претстојната сезона, а тоа е да се задржи моментумот и да се задржи 4то место во конструкторскиот поредок освоено сезонава.

важно е да продолжиме со ланскиот тренд. она што сакам да го видам годинава е континуиран напредок на тимот. да завршиме повторно на 4то место е минимална цел, но овој пат мораме да го направиме тоа на подоминантен начин со повеќе завршени трки и помалку откажувања – објасни роси при промоцијата на болидот.

Тој ја пофали работата на различните оддели во тимот при создавање на новиот А523 кој ќе биде придвижуван од Рено Е-Тек РЕ23 мотор.

екипите предводени од тимскиот шеф отмар шафнауер, главниот технички шеф пет фрај, техникчиот директор мет харман и извршниот директор бруно фамин во енстон и вири завршија импресивна работа во подготовките. не можам да дочекам да го видам а523 на патеката.

Тимот има една клучна разлика сезонава, а тоа е возачката постава каде наместо двократниот првак Фернандо Алонсо кој замина во Астон Мартин, дојде Пјер Гасли од АлфаТаури.

нашите возачи се топ тема не само во формула 1 туку и кај сите спортски фанови во франција и надвор. по мене имаме возбудлив тандем, еден од најсилните на гридот, мешавина на природен талент, искуство и амбивија.

естебан е со екипата долги години и секогаш беше константен и можевме да се потпреме на него, додека пјер е пред ново поглавје во неговата кариера. ќе биде фантастична можност за ив да работат заедно и да го носат тимот кон напред. тимската работа ќе биде клучна за успех и очекувам големо ниво на посветеност, зрелост и цврстина од сите во тимот.

Отмар Шафнауер го превзема раководењето со екипата пред една година и тој се заблагодари на својот шеф Роси како и на првиот човек на Рено, Лука де Мео, посочувајќи дека е привилегија да се работи со нив.

ланската сезона учевме и се запознававме, особено со оглед на премногу сложените нови правила на кои мораше да се адаптираме преку новини и подобрувања во текот на сезоната. екипата ја исполни целта, така што нетрпелив сум да видам што можеме да постигнеме годинава.

имавме многу интензивна зимска пауза и сега сме нетрпеливи за новиот болид, а неговото претставување е кулминација за 1.200 луѓе ки неуморно работеа.

Отмар посочи дека новиот пакет е со далеку подобрен квалитет и издржливост одошто својот претходник на кој Фернандо Алонсо многу се жалеше. Во врска со возачите, тимскиот шеф е задоволен што продолжува со Окон 4та сезона по ред.

сакам да видам како естебан напредува со големи чекори и тоа само ќе му помогне на тимот во своето патешествие.

годинава ќе биде прв пат да работам со пјер и како што реков, го донесовме поради неговиот природен талент, искуство и брзина.

имаме фантастичен тандем возачи што не мотивира да создадеме издржлив и брз тркачки болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ