Руски официјални лицаја обвинија Ф1 за измама

Официјално лице од Руската Влада официјално ја обвини Формула 1 за измама по изјавата на Стефано Доменикалидека спортот никогаш повеќе нема да се врати воРусија.

Спортот 8 години е гостин во олимпиското Сочи, но овогодинешната трка која требаше да биде 9та и последна во градот беше откажана по инвазијата на Русија над Украина. Планот беше од следната година тркта да се пресели на автодромот Игора Драјв крај Санкт Петерсбург.

Дмитриј Свишчев, Претседател на спортската администрација во Руската Дума, остана незадоволен од изјавата на италијанецот.

сакам да посочам дека доменикали изјави дека никогаш повеќе нема да има формула 1 во русија, но пред да дава такви изјави, тој треба внимателно да си ги прегледа договорите, особео времетраењето на истите. треба да се види на колку години беше потпишан договорот затоа што и самиот тој е вработен во организацијата и не смее да дава такви изјави во екот на важноста на некој договор . изјави свишчев.

Русинот посочи дека уште еден голем проблем е што Формула 1 не сака д и го врати авансот на организацијата која бил платен на почетокот од оваа година.

ако трката еднострано решаваат да ја откажат, убаво би било да ни ги вратат парите кои согласно договорот ги плативме. не сакате да дојдете тука и да се тркате, тогаш вратете ни ги парите кои ги плативме за овогодинешната трка.

ова е чиста измама, рекет каков што постоеше во 1990-тите години и изгледа дека не се базира на апсолутно никаков спортски принцип.

сметам дека односите со русија ќе се нормализираат во иднина и ние ќе се вратиме во спортското светско семејство.

доменикали треба попаментно да си ги бира зборовите, а ние ќе размислиме околу компензацијата за финансиска и морална штета која ни е нанесена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ