Руското Гранд При под знак прашалник поради санкциите

Воената закана на Русија кон Украина ја стави под ризик Гранд При трката во олимпиското Сочи која треба да биде 17та во Формула 1 календарот.

Рускиот Претседател Владимир Путин ги призна соседните Доњецк и Луганск за самостојни република, територии кои се под украинска власт, по што многу западни земји и Америка воведуваа санцкии од некаков вид. Потегот на Путин се гледа како на почеток на инвазија врз Украина, нешто што секако не му се допаѓа на западниот свет.

Премиерот на Велика Британиа, Борс Џонсон, изјави дека е неприфатливо Русија да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во Москва оваа пролет.

Формула 1 сеуште се нема произнесено по последниот развој на настаните и конфликтот со Украина кој може да го загрози одржувањето на Руското Гранд При во Сочи, а не би било неочекувано ако трката не се одржи, секако доколку тензијта не се намали.

Големата награда на Русија е закажана за 25 Септември како прва станица од тројната програма по која следуваат Сингапур и Јапонија. Евентуалното откажување на Сочи може да значи враќање на Портимао или Муџело во каледнарот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ