Мазепин нема да го жртвува руското знаме за враќање во Ф1

Русинот Никита Мазепин тврди дека нема да се натпреварува под неутрално знаме во обид да се врати на трките во Формула 1.

Мазепин беше исфрлен од тимот на Хаас на почетокот од оваа година, откако Русија започна инвазија на соседната земја Украина. Земјата се соочи со меѓународни санкции, додека ФИА исто така воведе ограничувања, наведувајќи дека на сите возачи од Русија и Белорусија нема да им биде дозволено да се натпреваруваат под свое знаме.

Некои руски возачи останаа во конкуренција, вклучително и резервистот во Формула 1 на Ферари, Роберт Шварцман, кој се трка со израелска лиценца, возачот од Формула 3 Александар Смољар и возачот на рели Дакар Константин Жилцов, откако се префрлија на алтернативни знамиња. Сепак, Мазепин тврди дека не е подготвен да ги напушти руските бои за да се врати во конкуренција.

Луѓето не може да бидат осудени. Ние сме спортисти и секој има свој избор кој мора да се почитува.

Жилцов не е единствениот, истото го направи и Роберт Шварцман, станува збор за прашање за лични размислувања.

Дали сакате да се откажете од својата земја за спорт и дали тоа е поважно за вас или не, секој избира за себе. Но јас нема да го сторам тоа – потврди никита.

Договорот на Руското Гранд При со Формула 1 беше откажан набргу по почетокот на инвазијата, при што извршниот директор на Ф1 Стефано Доменикали сугерираше дека настанот никогаш нема да се врати.

Реагирав на ова со голема тага – рече Мазепин.

Се сеќавам на тие фантастични чувства кога настапив на таа сцена во Русија која беше една од најдобрите трки. Штета што возачите и гледачите нема да можат повторно да го доживеат во блиска иднина.

Но, ситуацијата може многу брзо да се промени и во негативна или во позитивна насока. Се надевам на најдоброто.

По пресудата на ФИА во врска со руските возачи, Мазепин основа фондацијата “WeCompeteAsOne“, насочена кон спортистите што биле блокирани да се натпреваруваат поради политички причини. Европската Унија го санкционираше семејството Мазепин по инвазијата, поради нивните блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ