Саинз искрен: Алонсо чисто ме помина

Карлос Саинз од Ферари го пофали Фернандо Алонсо за потегот во Баку каде го престаса по рестартот на трката. 

Саинз имаше тежок викенд во Баку иако Ферари имаа силни перформанси на квалификациите, но поради деградација на гумите, не можеа да се толку силни на трка. Шпанецот стигна до 5та позиција додека Леклер стигна до 3то место и прв подиум за него.

Фернандо чисто и лесно ме помина и подоцна одлично се бранеше. Трката беше долга за мене, Бев добар на медиум, но тешко беше на хард гуми и морав само да се фокусирам да ја завршам трката.

Си реков дека нема да правам грешки како лани и стигнав до 5та позиција. Шарл беше на пол позиција и тоа ни даде самодоверба дека се движиме во вистинска насока, Но важно е да ги средиме проблемите и лошо е што можеме до пол и подоцна губиме на трка. Позитивни се само поените од трката и ништо друго. Сега сега се подготвуваме за Мајами, Ред Бул се во посебна лига. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ