Сао Паоло бил подготвен за трка

Градоначалникот на бразилски Сао Паоло откри дека Гранд При трка во неговиот град ќе била безбедна за одржување откако Либерти Медиа ги откажа сите настани на американскиот континент закажани за вториот дел од сезоната.

Канада, САД, Мексико и Бразил отпаднаа од календарот, а на нивнот место дојдоа други европски патеки. Гранд При трка во Бразил се вози непрекинато од 1973 година, а Интерлагос е домаќин на трките повеќе од 30 години откако првично Рио де Женеиро и Жакарепагуа беа домаќини.

Во моментов Бразил е една од земјите најжестоко погодени од вирусот, но Бруно Ковас, градоначалникот на Сао Паоло, смета дека трка на средина од Ноември би била изводлива за организација.

минатите неколку недели ние им ги испративме сите податоци на организаторите на настанот покажуваќи им ја реалната ситуација во сао паоло и државата која е многу различна од општата ситуација во бразил.

проектиицте покажаа дека во ноември ќе бидеме во многу подобра ситуација одошто се европските земји во моментов, а таму се возат трки – вели разочараниот ковас.

Градоначалникот потврди и дека во моменотв се водат преговори за останување на Интерлагос во календарот откако согласно важечкиот договор оваа година требаше да биде последна за Сао Паоло во Формула 1.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, претходно најави дека Формула 1 настанот ќе се премести во Деодора населбата ви Рио откако таму ќе се издради наменска и модерна патека.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ