Сао Паоло не се откажува од трка

Гувернерот на Сао Паоло не се откажува од организација на Бразилското Гранд При во иднина.

Чејс Кери неодамна се сретнал со Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој побарал преместување на трката во Рио де Жанеиро каде се подготвува изградба на нова ултра-модерна патека. Но, Кери бил и во Сао Паоло каде властите имаат договор и за следната година трка на Интерлагос.

Гувернерот на Сао Паоло го уверувал Кери дека во областа Деодоро во бразилскиот град може да се изгради нова патека подготвена за трката во 2021 година.

ви предлагам да го посетите деодоро и самите да се уверите дали може да има патека таму на време за трката – му се обратил гувернерот жоао дориа на кери.

Дориа е сигурен дека Формула 1 нема потпишано никакво договор со конкурентскиот Рио.

ми е жал што го фрустрирам болсонаро, но одлука и договор сеуште нема. тоа не е политичка, емотивна и институционална работа, тоа е деловна одлука, а формула 1 бизнисот е многу моќен – објасни дориа.

Гувернерот Дориа отфрли било каква политичка кавга со бразилскиот Претседател на тема Формула 1.

едноставно, моја должност како гувернер е да го бранам сао паоло. формула 1 е најквалитетниот нмастан кој го имаме и моја обврска е да се осигурам тој да остане во сао паоло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ