Сарџент бил сигурен дека нема да стигне до Ф1

Логан Сарџент откри дека во 2021 година бил целосно сигурен дека неговиот сон да вози во Формула 1 е завршен.

Американецот ќе биде дебитант на гридот претстојната сезона во Вилијамс откако претходно возеше во јуниорската Формула 2 тркачка серија. Сезона пред тоа, за малку беше поразен од Оскар Пиастри во трката до насловот во Формула 3.

За време на својата последна сезона во Ф3 која ја одработе за Шаруз, тој призна дека сметал оти повеќе нема шанса а место во Формула 1 и се насочил кон други серии и планови.

бев целосно сигурен дека мојот формула 1 сон е завршен во тој момент. решив д асе насочам кон лмп ендјуранс серијата или индикар во америка и се помирив со фактот дека ф1 за мене не е судена.

таква беше реалноста за мене во тој момент, чувствував дека ги имам тие две опции. тркањето во формула 3 беше само за да ми мине времето и да останам во болидот поради формата пред да се одлучам што ќе правам – опиша логан.

Тој се тркал и со спортски автомобили таа 2021 година за да го прошири своето тркачко портфолио.

лмп2 трките, гт трките и слично беа само забава и стекнување искуство во ендјуранс и автомобилиите. на крајот сметам дека тоа многу ми помогна и мило ми е што се решив на тој чекор во тој момент.

Сарџент е американец и покрај тоа што таму Наскар и Индикар се примарни серии, тој се преселил во Европа кога имал 12 години.

дојдов до момент кога морав да донесам одлука како понааму со оглед на фактот што формула 1 беше недостижна. беше рано во мојата кариера и разгледував каде конкуренцијата е најголема.

секогаш сакав да се тркам само во европа, тоа место беше секогаш најпосакувано за мене, таму наоѓав мотивација и поради тоа се преселив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ