Сарџент сонува да вози Ф1 на Ваткинс Глен

Годинешниот Формула 1 дебитант, аериканецот Логан Сарџент, беше запрашан каде би сакал да вози во својата родна земја на што посочи дека тоа е патеката Ваткинс Глен.

Тој е надежта на САД во овогодинешната возачка постава на Формула 1 гридот и три пати ќе вози пред домашната публика, најпрво во Мајами во првиот дел сезоната, во вториот дел во Остин во Тексас, а во Ноември во Лас Вегас.

Новиот возач на Вилијамс бил запрашан која е следна трка во САД која сака да биде додадена во календарот, а му беа посочени уличен настан во Њу Јорк и легендарната Лагуна Сека.

зошто само две, зошто не повеќе – се пошегува логан.

ваткинс глен секогаш била моја омилен патека и ја сакам повеќе од лагуна сека, но мислам дека и улична трка во њу јорк ќе биде прекрасно.

ако ме прашувате, ќе мислам помеѓу ваткинс глен и улиците на “големото јаболко“ – заклучи сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ