Сарџент ќе вози на зимскиот тест со стар болид на Алпин

Новиот возач на Вилијамс, американецот Логан Сарџент, ќе има дополнителна километража во текот на зимата со ланскиот Алпин волид откако двата тима склучија договор. 

Сарџент ги доби поените на суперлиценцата и обезбеди место во Формула 1. Тој ќе има тест со болидот на Алпин иако вози за друг тим и тоа е доста невообичаено. 

Сакаме да го навикнеме и затоа го ставаме во постари болиди. Тие многу ни помагаат и ова е голем чекор за Логан да вози формула 1 болид кој иако е две години стар сепак е близу до новите – изјави Отмар Шафнауер, шефот на алпин. 

Шафнауер одговори и за чудната ситуација во која два ривали си менуваат возач за тест. 

Се надевам дека нема да си конкурираме наредната година. Можеби ќе дојде време кога ќе го смениме мислењето. Мислам дека ваквиот однос може да им помогне и да заштедат пари. 

Јост Капито од Вилијамс додаде дека имаат добар однос со Алпин. 

Мислам дека сме пријателски расположени кон сите тимови. Да не бевме пријателски расположени со Ред Бул, немаше да го имаме Алекс. Кај Мерцедес сме добар клиент и сме пријатели со нив. Мислам дека имаме и план Б, но не споделивме детали бидејќи го добивме Сарџент. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ