Саудиското ГП ќе биде едно од најдобрите во светот

Архитектите на патеката Џеда веруваат дека новата патека ќе биде меѓу најдобрите во светот. 

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на претпоследната трка во шампионатот на патека која во моментов се гради. Се очекува да биде најбрза на календарот со просечна брзина од 252 кмч.

Модерните градски патеки се изградени од тули, каде патеките имаат свиоци од 90 степени и не се атрактивни за посетителите. Тука немаме рестрикции бидејќи се гради на морскиот брег, а Тоа значи дека може да имаме какви сакаме дизајни кои ги споделуваме со Формула 1 и правиме симулации.

Нашите инженери имаат искуство и прават симулации на секој нов модел. ФИА мора да даде свое мислење за безбедноста. Брзите делови мора да се безбедни бидејќи се следени од ФИА. За мене работата на Џеда се одвива навремено. Близу е до градот и се чувствува атмосферата – изјави херман тилке, човекот кој ги дизајнираше сите модерни формула 1 патеки.

Тилке зборуваше на 100 дена пред последната трка и е сигурен дека ќе се заврши на време. 

Приказната позади оваа патека е забрзана бидејќи Кидија е близу до Ријад кој оригинално е домаќин на Гран При нѝстанот. Целта е да се забрза присуството на Саудиска Арабија на Формула 1 календарот и да има доста посети на Џеда. Се ова е голем предизвик. Местото е градилоште и Немаме време за грешки и ова е голем логистички потфат. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ