Себастијан Монтоја стана дел од Академијата на Ред Бул

Себастијан Монтоја, синот на Хуан Пабло Монтоја, од оваа година стана дел од славната програма за млади возачи на Ред Бул.

Синотт на седумкратниот Формула 1 победник на трки, претходно имаше соработка со “биковите“, но од оваа сезона ќе стане полноправен член на нивниот мадински погон. Доктор Хелмут Марко неодамна најави дека колумбиецот напредува кон Формула 3, а сезонава ќе ја почне со тркање во регионалната Формула на Средниот Исток.

17-годишникот ги одработе првите тркачки викенди во Формула 3 лани за Кампос и освои 7 поени на Зандворт откако доби шанса на местото на повредениот Хантер Јени. Во Ноември учествуваше на постсезонскиот тест во Формула 3 на Херез каде возеше за Хајтек.

возбуден сум што станувам дела од јуниорскиот тим на ред бул. минатата година станав дел од брендот и сега почнуваме заеднички да работиме кон една цел, а тоа е формула 1 – напиша младиот монтоја на истаграм.

Лани во своите настапи за Према тој заврши на 13то место во регионалната Формула во Европа, а во азискиот шампионат беше 7ми. Имаше и неколку трки во американската ИМСА во ЛМП2 категоријата. Себастијан е трет возач кој во последно време станува дел од Академијата на тимот до Милтон Кинс откако Зан Малони и Енцо Фитипалди претходно беа додадени во ростерот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ