Сеидл благодарен на Алонсо и Вандорн за напредокот на Мекларен

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, ја истакна својата благодарност кон Фернандо Алонсо и Стофел Вандорн, инсистирајќи дека возачит од 2018 година и помогнале на екипата од Вокинг во нејзиниот напредок.

Мекларен во моментов се во јасна предност во средината, зголемувајќи ја предноста пред Рено на 20 поени во пласманот по Австриското Гранд При со уште еден финиш во поени со двата болида.

Добро дизајнираниот МЦЛ34, надополнет со развојот кој Рено го постигна, му овозможи на Мекларен да стане постојан конкурент за поени годинава, но Сеидл инсистира дека основата за напредокот на тимот е поставена од минатата година.

Никој не очекуваше тимот, кој минатата година заврши на 9то место во пласманот, да направи ваков чекор напред. Едноставно покажува дека промените кои се направени минатата сезона се исплаќаат.

Тимот заврши добра работа со болидот. Исто и возачите минатата година, треба да им се заблагодариме на нив, на Фернандо и на Стофел.

Тие ги истакнаа слабостите  и како да се развива болидот. Сега целта е да се продолжи со тој развој.

Одлично беше што во Австрија завршивме на 6то и 8мо место. Карлос извозе одлично стартувајќи од задните редови. Можевме и подобро, но жал, тој имаше оштетено предно крило при крајот. Можеше да го нападне и Гасли.

Имавме и многу подуправување.Во однос на време по круг, губевме околу секунда. Бевме среќни што и Раиконен исто така изгуби време.

Многу сум среќен со тимот, добро е да се потврди дека Пол Рикар не беше само случајност. Уште еднаш бевме најбрзиот тим во средината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ