Сеидл пред трансфер во Заубер ?

Германецот Андреас Сеидл е последниот тимски шеф за кој се најавува трансфер во блиска иднина и напуштање на шефовското место во тимот на Мекларен.

Медиумите пренесуваат дека Сеидл ќе го напушти Вокинг и ќе стане шеф на Заубер многу скоро. Тој ќе биде Главен извршен директор на тимот од Хинвил, желба на Ауди како подготовка за нивниот влез во Формула 1 од 2026 година. Тој би го заменил Фредерик Васур за кој веќе подолго време се наговестува дека ќе замине од Заубер и ќе застане на чело на легендарното “галопирачко коњче“ односно Ферари од Маранело.

Сеидл претходно има огромно работно искуство од моторспорт програмата на Фолксваген Груп, беше шеф на Порше во ЛМП1 тркачката класа кога доминираа и беа прваци три години по ред од 2015 до 2017 година. Тој е познаник и на Маркус Дуесман, Главниот извршен директор на Ауди со кого работеле заедно во Заубер во 2000-те години кога тимот де-факто бше фабрички БМВ.

Замената на Андреас сеуште не е јасна, но по потврдата на заминувањето на Јост Капито од Вилијамс, можеби токму тој ќе го наследи својот сонародник. Капото многу кусо беше Главен извршен директор на Мекларен во 2016 година пред Зек Браун да го превземе тоа место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ