Сеидл уверува дека продажбата на имотот на Мекалрен нема да влијае на екипата

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, уверува дека планираната продажба со повторно изнајмување на имотот во Вокинг нема да има никакво влијание врз активностите на тркачката секипа.

Британски Sky News прв објави дека Мекларен има намера да ја подобри својата финансиска состојба со продажба на Технолокиот Центар во Вокинг, а потоа да го користи истиот под наем, трансакција која при продажбата очекуваат да им донесе 200 милиони фунти. За таа цел тие склучиле договор со Colliers агентот за недвижности.

Групацијата има големи финансиски проблеми од почетокот на пандемијата, имаа докапитализација од својот Бахреински сопственик со Март, а летово се задолжија 150 милиони фунти кај Националната банка на Бахреин. Во игра е и продажба на мал дел од акциите од тракачката дивизија во Групацијата.

Во врска со планираните трансакции, Сеидл откри дека потребата за готовина не е итна, туку е дел од среднорочниот план кој го има поставено компанијата.

тоа е само дел од стратегијата за рефинансирање која ја објавивме уште на почетокот на годината за мекларен груп. истото нема влијание врз нашето секојдневно работење во формула 1 тимот – уверува сеидл.

Технолошкиот Центар во Вокинг е една од најпрепознатливите недвижности во Формула 1 и истата е создадена во времето на Рон Денис. Првичните планови за истата датираат од 1995 година, додека почна со работа во 2003 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ