Семафорот бил виновен за сударот на Кими со Хаас

Сударот на Кими Раиконен со Никита Мазепин во боксот на Хунгароринг било поради проблем со семафорот кој му дава знак на возачоте да тргне.

Финецот удри во предното десно тркало на болидот на Хаас, а патем му ја уништи и суспензијата и предното крило на трка каде американската екипа се надеваше и на поени. Ситуацијата беше истражена, а Раиконен доби казна од 10 секунди за небзебзедно враќање на патеката.

Поради казната, Кими “падна“ од 8то место кое го имаше на 10та позиција и донесе само поен за екипата.

Чеви Пухолар. главниот инженер на патека за Алфа ромео, објасни дека проблемот бил во семафорот кој сигнализира кога возачот да тргне.

кими ја правеше својата промена на гуми кога сите возачи на гридот, освен хамилтон, влегоа по истото. имавме проблем со семафорот што излезе лошо. тој тргна кога мазепин влегуваше во својата гаража затоа што виде зелено светло, потоа истото се смени во црвено, потоа пак во зелено и тој реагираше, иако семафорот требаше да остане рвен. нашиот систем потфрли.

Раиконен дополни:

бевме добри се до менувањето по црвеното знаме кога бев пуштен и удрив во друг болид, добивајќи казна за тоа. потоа мојата трка беше завршена и тоа е штета затоа што бевме во добра позиција за поени.

Казна доби и неговиот колега, Анотнио Џовинаци, кој “ќари“ 10 секунди за пребрзо возење во боксовите откако по трката стјуардите го уловиле италијанецот како вози 105,6 кмч во боксот каде ограничувањето е 80 кмч.

По трката за Големата награда на Унгарија швајцарската екипа “падна“ на 9то место во поредокот откако Вилијам завршија 7ми и освоија вкупно 10 поени.

ќе беше подобро ние да сме пред вилијамс, но имаме уште доста трки до крајот. можеме редовно да бидеме во к2 со двата болиди и да се надеваме на поени на некоја од следните трки. по летната пауза веројатно ќе напредуваме и ќе добиваме прилики за поени – посочи пухолар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ