Сеуште е можно Бриаторе да се врати во Алпин

Флавио Бриаторе беше забележан во Париз како се дружи со својот долгогодишен клиент, Фернандо Алонсо, така што шпекулациите за негово доаѓање во Алпин се се посилни.

Дон Флавио е еден од најпризнатите, но и најконтроверзните тимски шефови во историјата на спортот, а познат по тоа што знае да забележи млад талент. Го намами седумкратниот првак и Формула 1 легенда во Бенетон по фантастичното деби во 1991 година за Џоран и подоцна освојуваше наслови со него.

Следуваше Фернандо Алонсо на кого му најде место во Минарди во 2001 година пред да го земе кај себе во Рено во 2003 година, а подоцна и да освои две титули со него, во 2005 и 2006 година.

Нандо се врати во Фрмула 1 со ребрендираниот Рено по две години надвор од тркачката серија и стигна до подиум кон крајот на сезоната на трката во Катар, помагајќи му на тимот да дојде до 5то место кај конструкторите.

Француската фабричка екипа немирна зима откако најпрво од тимот замина Извршниот директор Марцин Будковски, а потоа и Советникот Алан Прост, но се најавува доаѓање на Отмар Шафнауер како шеф на екипата. Според многу медиуми и Бриаторе може да се врати во екипата од Силверстон.

Весникот Cuatro пренесува дека Флавио неодамна бил виден во Париз, така што многу лесно почнаа шпекулациите за негови можни преговори со Алпин. Marca дополни дека Алпин биле свесни дека враќање на дон Флавио во падокот е многу тешко, но не и невозможна мисија. Како опција се споменува позицијата на Прост, односно Советник на екипата.

алан прост имаше симболична позиција, повеќе поради имиџ на тимот и ја напушти истата која остана празна затоа што се вели дека на главниот извршен директор роси не му треба советник. ако бриаторе се врати, веројатно ќе му припадне таа улога, секако ќе биде некаков консултант – вели реноимраниот шпански весник.

Marca пренесува дека и Лорен Роси, првиот човек на Алпин е италијанец, така што би било одлично да соработува со свој сонародник, а Бриаторе има и одлични односи со Рено затоа што ги водеше до два наслови додека шефуваше со екипата и добро ја познава Формула 1.

Пред неколку месеци на Инстаграм се појави слика како Бриаторе потпишува нешто со Стефано Доменикали, по што само се чекаше позицијата на која тој би се вратил во тркачката серија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ