Силверстон ќе дели бесплатни карти за Ф1 и МотоГП

Силверстон оваа година ќе биде домаќин Формула 1 и МотоГП трка пред публика откако целата држава беше во карантин поради пандемијата. 

Патеката ќе прими гледачи и ќе дели бесплатни карти на работници кои помогнале во справување со пандемијата. Силверстон има подготвено 10,000 влезници за трките кои треба да се одржат на 30 Јули и 1 Август. Овие карти се дел од програмата која треба да ги награди здравствените работници од Велика Британија како и членовите на вооружените сили и социјалните работници. 

Тие што ја имаат Blue Light картичката ќе може да учествуваат во лотаријата за да добијат карти за еден од трите настани. Лотаријата ќе се одржи на 25 Мај. 

Работата со Blue Light картичката ни дава гаранција дека нашите карти ќе ги добијат тие на кој им должиме многу и ќе им дадеме шанса да уживаат во нешто што им недостасувало во последните 12 месеци. Цела година се справуваат на браникот на пандемијата и ги ризикуваат нивните животи за нашиот народ да биде безбеден. Се надевам дека со овој гест ќе ја покажеме нашата благодарност. 

Трката во Британија е закажана за 16-18 Јули кога треба да се тргнат забраните за спортските настани. Силверстон ќе биде отворен и ќе се употребуваат Ковид-19 пасошите за вакцинација за гледачите.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ