Симондс: Спринтовите носат трки какви што фановите сакаат

Техничкиот шеф на Формула 1, Пат Симондс, застана во одбрана на спринт формат викендот посоувајќи дека истиот носи трки какви што фановите сакаат.

Лани Формула 1 воведе спринтови на три Гранд При тркачки викенди, имаше само еден тренинг во Петок пред квалификациите, а потоа саботна куса трка. Резултатот од спринтот го формираше гридот за главната трка, а таквиот викенд носеше многу помало време за подготовка одошто беше дотогаш пракса.

има луѓе што го сакаат форматот, но и онакви кои не го сакаат, но јас мислам дека е добро кога се има поголема конкуренција. ми се допаѓа кога нема предвидливост како на пример кога оксфорд играше против арсенал во фа купот и на полувреме беше 0-0.

на нормален тркачки викенд, во петок не се случува ништо и поради тоа сакавме да додадеме атракција и во тој ден затоа што одиме да се тркаме. дополнително, екипите се толку добри во симулациите денеска што со толку многу возење во петок станува многу предвидливо и нема простор за грешка – посочи симондс.

Главно спринтот беше критикуван затоа што некои сметаа дека кусата трка одзема многу од главниот настан, но инженерот не смета дека тоа е случајот.

спринтот ни дозволува конкурентност секој ден затоа шт ово петок имаме квалификации, во сабота имаме куса трка, а во недела ја имаме главната трка. по мене, спринтот не одзема ништо од гланвиот настан и тоа е многу важно затоа што формула 1 е главното гранд при.

со намалување на времето кое тимовите го добиваат за да ги подесат своите болиди даваме поголем простор за грешка и имаме шанса да го промешаме гридот. тоа го сакаат фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ