Скај Италија го продолжи договорот до 2022 година

Скај Италија потврди дека го продолжиле договорот да вршат пренос на Формула 1 трки до крајот на 2022 година. 

ТВ станицата врши пренос на Формула 1 од 2013 година и е ексклузивен сопственик на правата во последните 2 години откако Раи се откажаa од своите бесплатни трки. Договорот на Скај Италија беше со трајност до крајот на оваа година, но во Петок беше потврдено дека договорот е продолжен за уште две сезони.

Скај потврдува дека има доверба во ФОрмула 1, еден од главните спортови кои ги нудиме, што е причината позади нашата одлука да ја продолжиме соработката, за љубов кон брзината и моторите.

За сите фанови, ќе има уште многу предизвици на патеката, кои ќе ги следат на посветен канал, да се забавуваат и да ги слават тие одлични постигнувања – изјави извршниот подпретседател на Скај, Марзио Перели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ