Сослушувањето на Алфа кон крајот на Септември

Жалбата на Алфа Ромео за казната што ја добија во Германија ќе биде разгледана на 24 Септември, помеѓу трките за Големата награда на Сингапур и Руското Гранд При.

Возачите на Алфа Ромео завршија на 7мо и 8мо место на Хокенхајм, но подоцна добија по 30 секунди казна поради прекршување на правилото за спојката пред стартот на трката.

Судот прво треба да одлучи дали жалбата е издржана, а подоцна да го отвори случајот. Ризикот на Алфа е дека казната може да се зголеми, но од тимот веруваат дека имаат силни аргументи.

Бевме казнети по трката и затоа се жалиме. Ова е нормална процедура доколку сте казнети и мислам дека имаме аргументи да победиме.

Ова е започнат процес и не може да дадеме повеќе информации. Се ќе се објави на 24 септември во Париз – изјави спортскиот директор на Алфа Ромео, Беат Зендер.

За Кими Раиконен, стартот во Германија бил нормален иако изби од 5то место на 3та позиција.

Мислам дека имав нормален старт. ТОа се случи само затоа што Ред Бул имаа лош старт. ДОколку ги прашате нив исто ќе ви кажат. Мерцедес беше сличен со нас, но ние можеби бевме за нијанса подобри. Искрено тоа нема врска со овие работи.

Клер Вилијамс се плаши дека освоениот поен на Кубица може да се загуби но тоа сепак нема да им направи разлика во ионака тешката сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ