Со Алпин, Рено вечно посветени на Формула 1

Според Главниот извршен директор на компанијата Рено, италијанецот Лука де Мео, со својот Алпин бренд, францускот производител останува вечно посветен на Формула 1.

Рено одбра да горебрендира својот тим во пресрет на оваа сезона како дел од големите промени предводени од новиот прв човек на произодителот. Алпин ќе има официјално деби на Бахреинското Гранд При викендов, а болидите ќе бидат возени од Естебан Окон и Фернандо Алонсо.

Годинава сините болиди ќе бидат единствени кои ќе се тркаат со мотори на Рено, откако Мекларен по крајот на минатата година решија да минат на Мерцедес.

за посветеноста на рено кон спортот, вистина е дека одеше “наваму – натаму“ низ годините, но секогаш имавме страст, 44 години како производител на мотори или шасија сме дел од спортот со нашио бренд.

јас сум човек кој сака автомобили и кога дојдов да го предводам рено си реков дека нема да бидам човекот кој ќе ја прекине 44-годишната традиција и историја на рено, нема да сум таков.

се додека сум јас на чело на компанијата, луѓето од формула 1 немаат потреба да се грижат. единствено треба да работат и да создадат услови за профитабилен бизнис модел, за можност за победи на трки и добар имиџ на компанијата.

од моја страна пораката е јасна, ние ќе останеме во формула 1 вечно со алпин затоа што формула 1 ја гледаме како дел од алпин – вели де мео.

Целта на Алпин е да станат целосно електричен спортски бренд на автомобили во иднина, а де Мео гледа на компанијата како “мини Ферари дополнето со мини Тесла“.

во ферари, ако го тргнете спортскиот оддел од компанијата, тие се сосема друга компанија, исто е и со алпин. ќе бидеме мини ферари со голема скромност, а морам да кажам дека ќе бидеме и мини тесла затоа што целта ни е целосна електрификација.

ќе создадеме целосно ново искуство за купувачите со мрежа на продажба, сервис и одлични можности за експериментирање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ