Спонзорите на Жу плаќаат 30 милиони евра за место во Алфа

Спонзорите на кинезот Гуанју Жу се подготвени да платат 30 милиони евра на Алфа Ромео за младиот возач да добие шанса да вози во тимот.

Шпанска Mаrca тврди дека поддржувачите на Жу со задоволство би ја платиле таа сума за да му обезбедт можност на 22-годишниот кинез да дебитира во Формула 1 догогина крај Валтери Ботас во Алфа Ромео. Ферари веќе потврдија дека немаат право на едно место во екипата од Хинвил и покрај тоа што Алфа Ромео се главни спонзори, а и Мерцедес настојува да го смести својот Ник де Врис таму.

Жу во моментов е јуниор на Алпин и импресионираше со возењето годинава откако го освои азискиот Формула 3 шампиона на почетокот на годинава, во моментов е на 2ро место во Формула 2 со победи во Монако, Бахреин и Силверстон. Неодамна тестираше Формула 1 на Хунгароринг, а одработе и петочни сесии за Алпин во Австрија.

Жу беше еден од кандидатите за место во Вилијамс, но трофејната екипа од Гроув се реши за Александер Албон, штитеникот на Ред Бул.

Заедно со својот возачки квалитет, Жу носи и огромни маркетинг можности за тимот во кој ќе вози затоа што ќе биде првиот кинез во спортот, возач од земја со 1,3 милијарди жители. Со тоа би ја зголемил популарноста на тркачката серија во најбројната земја во светот, а секако дека би привлекол и куп кинески спонзори во својот тим.

За место во Алфа Ромео се споменува и Мик Шумахер, кого Ферари сака да го раздели од проблематичниот Никита Мазепин со кого имаат несогласувања уште од првата трка сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ