Според Ландо, болидот не се разликува многу од ланскиот

Првичните впечатоци на Ландо Норис по ден минат со МЦЛ35 болидот се дека истиот не се разликува многу од ланскиот во однос на држењето на патеката. Младиот британец комплетираше 137 кругови по Барселона – Каталуња патеката и го заврши денот надвор од најбрзата десеторка.

добар ден во кој комплетиравме 137 кругови и сработевме речиси се што ни беше зацртано. имав добро чувство во болидот и истиот не се разликува многу од ланскиот во однос на држењето на патеката што е одлична работа.

ја завршивме програмата која беше планирана за денеска и научивме многу работи, како јас така и тимот. има области во кои знаеме дека можеме д се подобриме, но денот беше продуктивен и тоа е главна работа – изјави норис.

Со серијата на Норис, Мекларен се одлични со над 130 кругови во текот на денот, иако црвеното знаме од Кими Раиконен за кусо го прекина возењето на Ландо. Џејмс Кеј, техничкиот шеф од Вокинг е задоволен од продуктивниот ден.

добар ден за ландо со 137 кругови. утрото работевме на мерење на одредени аеродинамички параметри кои ќе ни дадат добра информација до каде сме со протокот на воздух. потоа минавме и работевме на сетирањето затоа што имавме некои нови делови.

возевме и долги серии попладнето комбинирано со механичко сетирање и тестови за издржливост. тоа ќе ни помогне во разбирањето на болидот дополнително во однос на тоа што го дознавме од возењето на карлос.

утре продолжуваме со двајца возачи и нови компоненти кои треба да ни дадат насока во однос на наученото.

Третиот тест ден ќе го поделат двајцата возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ