Според Тилке, Асен е подобра патека за Ф1 од Зандворт

Дизајнерот на речиси сите модерни и нови Формула 1 патеки, германецот Херман Тилке, смета дека Асен е подобро место од Зандворт за домаќин на Холандското Гранд При кое се враќа на календарот од 2020 година.

Во Зандвор следниот Мај ќе има над 100 илјади гледачи, а организаторите најавија дека можеле да продадат и еден милион влезници доколку имале толкав капацитет со оглед на популарноста на Макс Верстапен.

Зандворт мораа да ја подобрат и подноват комплетната инфраструктура, да изградат нови патишта, а поборниците за животната средина веќе поднесоа петиции за запирање на работите.

во асен може да сместите 180 илјади гледачи, а кога има толку многу луѓе, атмосферата по автоматизам е одлична. дополнително, асен има многу подобра инфраструктура и подобар пристап – смета тилке.

Германецот во исто време потврди дека не е вклучен во никаква работа околу подготовките на Зандворт за следната година.

ние работиме со асен и поради тоа не бевме во никаква комбинација за работа на зандворт.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ