Според Тилке, улични трки се иднината

При дизајнирањето на патеки како Сепанг, Бахреин, Шангај, Марина Беј, Јас Марина, Кореа и Буд во Индија, повеќемина можеби ќе кажат дека Херман Тилке има направено за Формула 1 тоа што најголемите музичари го направиле за музичкиот свет.

Дали ви се допаѓа неговата работа или не, од 1990 година, германецот е прв контакт кога и да се размислува за зголемување на календарот со нова патека, без разлика дали станува збор за тркачка патека или адаптирање на улична трка.

Тилке ја подржува идејата на Чејс Кери за насочување на Формула 1 кон повеќе градови како Мајами, Ханој и Копенхаген во наредните неколку години.

Трендот на градски улични патека е навистина добар за професионалниот спорт. Тие се навистина уникатни, секој град е уникатен. Секој центар на еден град е поинаков од другите.

Имаме вистински улични трки, моментално три на календарот. Монако, Сингапур и Баку, а сите три се толку различни, уникатни.

Тоа е навистина интересен концепт и за професионална серија на Formula 1, тоа е вистинската насока – вели Тилке.

Германецот исто така инсистира дека новите улични патеки нема да бидат бенефит само за врвот на моторспортот.

Не градиме патеки само за врвните тркачи, градиме патеки за секаков вид на возачи. Тоа ги вклучува и аматерите, возач кој е на 60 годишна возраст и сака да вози некаков тркачки автомобил.

Но како што гледате во Баку, тоа е патека изградена само за професионални возачи, таму не може да возат аматери и тоа е главната разлика. Инвеститор во постојана Формула 1 патека сака да ја користи за секој возач, не само за Формула 1 возачите – додаде Тилке.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ