Спринтови на Спа и Баку догодина

Формула 1 одреди првично на кои шест локации ќе организира спринт тркачки викенди следната сезона, а белгиска Спа Франкошамп и главниот град на Азербејџан, Баку, се дел од локациите.

Неодамна ФИА одобри шест спринт трки следната година, двојно повеќе од годинешните трки, а шефовите побараа внимателно да се одберат локациите за тоа. Во текот на состанокот на Формула 1 Комисијата во Абу Даби, се дискутираше и за локациите на кои ќе се организираат куси спринтови.

Шпекулациите се дека Азербејџанското Гранд При Во Баку, Австриското Гранд При на Ред бул Ринг, Белгиското Гранд При на Спа Франкошамп, Катарското Гранд При на Лосаил, Американското Гранд При во Остин и секако, Големата награда на Бразил на Интерлагос, се локации за спринтови догодина.

Медиумите пренесуваат дека саудиска Џеда ќе се бори со катарски Лосаил за место за спринт догодина, а некои велат дека и двете трки добиле право да организираат спринт Гранд При викенд.

Првично и оваа сезона требаше да има шест спринт трки, а најавени беа Бахреин, Имола, Канада, Австрија, Холандија и Бразил како домаќини. Промената се направела за да се организираат куси трки на патеки каде е најголема веројатноста за претекнување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ