Стаинер до фановите: Бидете трпеливи, ќе има битка

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека фановите на Формула 1 не треба да донесуваат избрзани заклучоци поради моменталната доминација на Ред Бул во спортот, инсистирајќи на тоа дека Ред Бул ќе бидат предизвикани во одреден момент оваа сезона.

Во Мајами, Ред Бул го задржа својот 100 процентен успех на победи оваа година, при што победникот на трката, Макс Верстапен и второпласираниот, Серхио Перез, го испорачаа на тимот од Милтон Кинс четвртиот 1-2 во пет трки. Возачите на Ред Бул моментално се во сопствена лига благодарение на квалитетите на нивниот неверојатен брз и ефикасен РБ19 кој, заедно со недостатокот на претекнување, доведе до стравувања дека Формула 1 повторно станува здодевна за навивачите.

Но Стаинер, чиј тим моментално се наоѓа на седмото место во поредокот за конструктори, не се согласува.

Гледам спротивно – изјави Стаинер.

Тоа не е досадно за мене и Мислам дека имаше доволно акција. Очигледно Баку не беше највозбудливата трка што ја имавме оваа година, Но имаше многу трки кои беа возбудливи.

Можеби гледате дека Ред Бул се силни, но исто така се случуваат многу други работи. Ние не треба да заборавиме на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ