Стаинер: Не е фер персоналот да патува шест недели

Тимскиот шеф на американски Хаас, Гунтр Стаинер, смета дека не е фер да се очекува неговиот персонал да патува шест недели за да избегне карантин во Англија по Турското Гранд При.

Судбината на трката во Истанбул која како замена на Канадското Гранд При е закажана на 13 Јуни е под знак прашалник откако Британската Влада ја стави Турција на црвената листа на земји од каде било кој пристигнат ќе мора да биде две недели во карантин. Сеуште нема најава за исклучок на Формула 1 персоналот од задолжителниот карантин, нешто што може да ја откаже трката.

Доколку спортот не добие исклучок, единствен начин за одржување на трка на Истанбул Парк ќе биде британците да не се врќаат дома туку да одат директно на следната трка, односно да одат во Франција каде ќе има Гранд При викенд на 27 Јуни, а една недела подоцна следува трката во Австрија.

Таквиот распоред ќе бара Формула 1 персоналот да биде на пат 4 – 6 недели, нешто што Стаинер смета дека е незамисливо.

се е возможно и изводливо, но има граница за тоа колку може да барате од луѓето. мора да ги почитуваме затоа што шест недели надвор од дома е премногу и мислам дека не е фер.

убаво и позитивно е да се работи и не дека остатокот од календарот е лесен. лани имавме густ календар, а годинава, особено во вториот дел ќе биде жестоко за да ги комплетираме сите тие трки. не смееме да претераме и да прегориме, тоа не е опција, треба само да издржиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ